
Посебни Услуги
ЈСП СКОПЈЕ во својата организациона поставеност има и Служба за слободен превоз, која со возилата на ЈСП СКОПЈЕ организира и реализира договорен редовен и слободен превоз, и тоа:
ЈСП СКОПЈЕ врши посебен линиски превоз со возилата за јавен превоз или т.н. договорен превоз за училишта, фабрики, јавни институции и превоз по барање на физички лица и здруженија на граѓани.



ЈСП СКОПЈЕ располага со нископоден автобус и повеќе минибуси за превоз на лица со посебни потреби. Нивното користење се регулира со посебен договор со градот Скопје и Здружението на студенти и младинци Скопје, а се користи за превоз на студентите и учениците со посебни потреби од дома до училиште и обратно, како и превози за лични потреби на гореспоменатите корисници.
Контакт: sloboden.prevoz@jsp.com.mk

Располагаме со простор, потребна опрема и високо стручен кадар за комплетно тековно и инвестиционо одржување на автобуси, кое опфаќа: одржување на горен построј- каросеријата, вклучувајќи и фарбање; одржување на долен построј на автобуси: мотор, менувач, диференцијал, предна и задна осовина, систем за кочење, пневматика и хидраулика, систем за ладење, систем за управување и светлосни уреди.
Факс: 02-3174 260

